еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Затворите ни се хотел-промаја, затвореници слободно се шетаат, оцени Пандов

В.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, заедно со двајца службеници, доцна вечерта во петокот влегле во затворот Скопје (Шутка) и по список проверувале дали сите затвореници се на број.

„Целта на овој вонреден надзор беше да се провери бројната состојба, дали онаа информација дека се отсутни затвореници е точна. При вршење на надзорот по список во затворот требаше да бидат 180 затвореници, акцентот беше ставен на два дела, на полуотвореното одделение и на отвореното одделение и притоа од тие 180 затвореници, ние одевме од еден во друг дел, ќелија по ќелија, се прозиваа затворениците. 11 осудени лица не беа присутни во своите ќелии,“ информираше Пандов на прес-конференција.

Списокот даден од страна на затворскиот полицаец, не кореспондирал со фактичката состојба.

„Во отворено одделение има одделение кое го нарекуваат возен парк. Во тој возен парк требаше да бидат само три осудени лица. На лице место беа распоредени 10 лица, од кои 4 лица отсуствуваа. Исто така, има друг дел, перална го нарекуваат.

Во таа перална по список треба да има четири осудени лица, формално-правно требало таму да бидат 9 осудени лица, од кои 7 беа отсустни – еден пронајдовме, еден беше на домашно отсуство.

На прашањата зошто е тоа така, ни беше одговарано дека затворската полиција нема увид во тоа, дека добиваат усни наредби,“ додаде Пандов, кој потенцираше дека „зачудувачки е што додека траел увидот, затворениците кои се вратиле во текот на ноќта, слободно се шетале и разговарале со затворските полицајци.“

Вели дека за затекнатата состојба направен е записник на кој се потпишала и затворската полиција, и истиот ќе биде предаден до Јавното обвинителство.

Тој оцени дека затворите ни се хотел-промаја, и она што го имаме како замисла за затвор и фактичката состојба не е таква.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како изгледа околината на езерото Младост ден по големиот пожар кај Велес

Редакција

Како работеше Стопанска банка Битола, за која Комерцијална започна анализа за можно присоединување, во првиот квартал

Редакција

КПУ Идризово склучи договор за набавка на храна со „Фодулмак“, вреден 1,1 милион евра

Редакција