Утре времето ќе биде сончево и многу топло со висока дневна температура во интервал од 33 до 40 степени.
Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
Во деновите од викендот ќе се задржи топло време со попладневна нестабилност. Особено во сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.
Во Скопје утре во попладневните и вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме.
Во сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и град.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.