еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За влез во Србија преку Табановце се чека подолго време поради црвеното ниво на безбедносен ризик од тероризам

За влез во Србија преку граничниот премин Табановце се чека подолго време поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам од страна на земјата и поголемите проверки од српска страна, информираа од македонското Министерство за внатрешни работи (МВР).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија црвено ниво на безбедност, две лица уапсени по вчерашниот напад на полицаец пред израелската амбасада

Црвеното ниво на безбедносен ризик, по нападот на полицаец пред израелската Амбасада во Белград, според најавите ќе трае до утре.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.

Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападнат полицаец пред израелската амбасада во Белград, чинот оценет како терористички

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со “Enelex spol“ од Чешка вреден 3,5 милиони евра

Редакција

Детален преглед на активните случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Болничарот Јовица Ѓоргиев од Скопје спаси 15-годишно девојче од давење кај Саранда

Редакција