еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За половина денар поевтинуваат горивата

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,267 ден/кг и сега ќе изнесува 44,019 ден/кг.

Еуросупер БС-95 ќе се продава за 82,50 денари/литар, Еуросупер БС-98 за 84,50 денари/литар, Еуродизел за 76,50 денари/литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 75 денари/литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ердоган останува претседател на Турција

Редакција

Раст од 364,66% на добивката на Стопанска банка Битола

Редакција

Општините лани потрошиле 40% помалку пари за украсување за Нова Година

Редакција