Од вечерва на полноќ малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари по литар, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 77,50 денари за литар.
За 0,50 денари поскапува Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и еден литар ќе чини 77,50 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 денари и килограм ќе се продава за 44,302 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.