За приредбата на која деца беа со пластични пушки во рацете и облечени во униформи на терористичката Ослободителна народна армија (ОНА) или попозната како УЧК во Основното училиште „7 Март“ во тетовско Челопек, одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Информацијата ја соопшти министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
„Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата“, изјави денеска Јаневска.
Приредбата во Челопек беше организирана по повод денот на албанското знаме, 28. ноември, а Државниот просветн инспекторат изврши контрола на 2. декември.
Истата предизвика лавина од осуди од јавноста.