еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЗНМ бара новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода

За приведувањето на новинарот Фуркан Салиу реагираат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

“Попладневно на социјалните мрежи и на неколку онлајн медиуми беше објавено видео од кое се забележува како повеќе униформирани специјалци од МВР апсат лице кое се наоѓа на земја и не пружа отпор.

Непосредно по оваа објава, следеа неколку сензационалистички наслови од медиуми, кои се блиски до политички партии, кои шпекулираат разни основи за притворање на новинарот Фуркан, а притоа се повикуваат на наводни полициски извори.

ЗНМ и ССНМ апелираат случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу, а политичките партии да не го користат во своите дневно политички препукувања и за партиски цели на изборната кампања.

Пред малку беше објавена информација на PortaliX, онлјан медиумот во кој Фуркан Салиу е основач и уредник. Уредничкиот тим на медиумот информира дека денешниот акт на специјалната единица против новинарот Салиу е целосно диригиран и претставува обид за притисок врз слободното новинарство што го практикува PortaliX, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден и пиштол: МВР со детали зошто е приведен новинарот Фуркан Салиу

(Видео) Приведен новинарот Фуркан Салиу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Од четврток кино „Милениум“ почнува повторно со работа

Редакција

Куновска „распали“ по СДСМ: Посветено на сите Мири, Тањи, Кираци…

Редакција

Во буџетот за 2021 година остварени 15,3% повеќе приходи од 2020

Редакција