еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Зошто акциите на Доне Танески и членовите на Управниот и Надзорниот одбор во Македонијатурист се најскапо продадени?

Македонијатурист АД Скопје со денови е во фокусот на јавноста поради драматичните промени во акционерската структура.

Речиси секоја недела таму се менува истата, а сега акции почнаа да продава и менаџментот на Друштвото.

Од Македонијатурист преку Македонската берза информираа дека акции таму продала и претседателката на Управниот одбор (УО) на Друштвото, Мирјана Таневска – Ефремова, ќерка на Доне Таневски, претседателот на Надзорниот одбор (НО) на Друштвото.

Таа ги продаде сите свои 736 обични акции и сега не поседува акции во Македонијатурист.

И друг член на УО на Друштвото ги продал сите акции кои ги поседувал. Станува збор за Илија Тренески, кој продал 165 обични акции.

Акции продале и членови на НО.

Акции во Македонијатурист повеќе не поседува и Владо Богдановски, член на НО. Тој продал 1.200 обични акции.

Покрај него, повторно свои акции продал и Таневски. Тој продал 31.796 обични акции издадени од Македонијатурист и сега поседува 48.364 обични акции, односно 10,69% од вкупниот број.

Оваа информација се поклопува со информацијата за реализираната блок трансакција објавена на 02.12.2024 година, според која за вкупно 31.796 акции се платени 443.999.344 денари или фантастични 7.2 милиони евра, односно за секоја една акција е платена цена од 13.964 денари, цена која е далеку над берзанската цена по која останатите акционери ги продаваат своите акции.

Сето горенаведено со право го отвара прашањето дали некој манипулирал цело време со вредноста на акцијата во Македонијатурист?

Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски пазар стана најголем акционер во Македонијатурист

На берзанска аукција се продадоа акции на Македонијатурист вредни 7,3 милиони евра

Доне Таневски продаде 25.669 акции во Македонијатурист, купија Скопски пазар и Промедика

Фото: Фејсбук/Холидеј Ин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес се самоуби маж кој тешко повреди 25-годишна девојка, таа се бори за живот на Клинички

Редакција

Мицкоски: Прво техничка Влада, технички премиер, па избори

Редакција

Беким Незири не упадна во Контрола на летање и нема никаква врска со инцидентот, тврди неговиот адвокат Миланов

Редакција