Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев е во фокусот на јавноста поради имот во скопски Центар за кој во анкетниот лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога стапил на оваа функција навел дека е подарок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) И Панче Тошковски има стан во поклонетиот имот на Јанушев, тврди СДСМ
За случајот Комисијата оформи и предмет, а од опозициската СДСМ побараа Јавното обвинителство и Антикорупциска да истражат како го стекнал тој подарок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Станува збор за движен и недвижен имот подарок од родителите, кој и претходно е пријавен и во ова нема ништо спорно, ниту пак е нешто ново“, изјави Јанушев за телевизијата 24.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанушев: Не постои подарено земјиште, погрешно се внесени податоците во Антикорупциска
Игор Јанушев ослободен за набавката на кинеските автобуси
Сања Божиновска и Игор Јанушев нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Јанушев/Фејсбук