еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Американската Стопанска Комора во Македонија (АмЧам), вчера го одржа своето 24. Генерално Собрание на кое беа избрани тројца членови на Одборот на директори, се доделија признанија за најдобрите практики на општествена одговорност (CSR) на компаниите-членки и беше направен преглед на најзначајните постигнувања за годината што изминува.

Собранието беше отворено со поздравни говори на Иван Костиќ, претседателот на Одборот на директори на АмЧам, и Ангела П. Агелер, амбасадор на САД во Македонија, кои изразија благодарност за АмЧам за спроведените активности во изминатата година и ги споделија своите очекувања за успешна имплементација на многуте иницијативи и проекти од кои се очекува да го зајакнат домашниот деловен екосистем и да поттикнат регионална соработка, планирани за годината што доаѓа.

Во работниот дел, покрај тековните одлуки, беше направен и избор на тројца членови во Одборот на директори на АмЧам. Андреј Петрески (Cisco), Славко Пројкоски (Македонски Телеком) и Бојан Стојаноски (Стопанска Банка) беа избрани и добија двегодишен мандат во Одборот на директори.

На Генералното собрание беше одбележан и клучен момент во проектот „Партнерства за донирање“, поддржан од УСАИД, а имплементиран од АмЧам во партнерство со асоцијацијата Конект.

Во рамки на настанот беа доделени признанија за највлијателните општествено одговорни практики на компаниите. Меѓу наградените компании за 2024 година се најдоа: Халкбанка за проектот „Фустани со џебови“; Битолска Млекара за проектот „Растеме заедно“; Стопанска Банка АД Скопје за проектот „Вози право – вози здраво“; ТИТАН Цементарница Усје за проектот „ Вклучување на вработените, развој и добросостојба“; Зегин за проектот „Зегин Спектратон – Трка на херои во сите бои“.

Пред членките беа претставени и извештаи за тековното работење на АмЧам, а претседателите на комитетите ги презентираа најзначајните постигнувања за 2024 година.

Исто така, беа најавени и дел од приоритетните проекти за периодот што следува, во согласност со стратегијата на АмЧам за периодот 2024-2028. Во фокусот на овие иницијативи ќе бидат економскиот развој, предвидливоста на деловното опкружување, дигитализацијата, здравствениот систем, човечкиот капитал и одржливоста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв лет Софија-Скопје на 11 февруари, а редовни летови од март, најавува бугарскиот министер Сабев

Редакција

За 1. мај облачно, на места со дожд, од четврток и нов пад на температурата

Редакција

Заев за една од „бомбите“: Александар Верушевски ме снимал на ручек кај мене во Струмица

Редакција