Во невремето што го зафати Тетово проследено со силен ветер, дожд и град, предизвикана е значителна материјална штета, но за среќа нема човечки загуби или сериозни повреди, велат од Општина Тетово.
„Во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта ТППЕ интервенираше на повеќе локации во градот. Конкретно, интервениравме на 43 објекти и на некои критични точки каде имаше големи акумулации на вода, со кои градската канализација не можеше да се справи и покрај тоа што овие канализации беа исчистени. Оваа заложба ја покажува нашата посветеност да ги заштитиме граѓаните и нивните средства.
Нашата единица интервенираше и во други општини кои гравитираат во низините на Полог.
Во општина Јегуновце интервениравме во куќа во која шест лица (четворица постари и двајца млади) останаа заробени поради количеството вода што им влегло во куќата. Ова докажува дека ниеден граѓанин не оставаме сам во моменти на потреба, без разлика каде се наоѓа.
Исто така, големи штети се нанесени на земјоделските култури во нашиот регион. За овие штети, ресорното министерство треба да ги преземе потребните законски чекори за да се обесштетат сите во нашиот регион кои имале штети врз земјоделските култури,“ се вели во соопштението.
За други штети, граѓаните да се обратат во Регионалниот центар за управување со кризи, на телефонскиот број 112.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Невреме во Тетово поплави стотина куќи и создаде свлечиште на патот кон Скопје