еМагазин
Image default
Бизнис

ИСОС презема активности за откривање и санкционирање на злоупотреби со фалсификувани уверенија и лиценци 

Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) со големо внимание пристапи кон разгледување на сите информации и пријави кои деновиве беа добиени од членови на Институтот, во врска со случаи на фалсификувани исправи (уверенија за сметководител и овластен сметководител, како и лиценци за сметководствени друштва) кои биле злоупотребувани при доставување на годишните сметки во Централниот регистар, информираат од таму.

-По добивањето на ваквите информации и пријави, Управниот одбор на ИСОС одржа вонредна седница на која ги утврди активностите, чија реализација веќе е во тек, а кои треба да овозможат целосно расчистување на овие случаи.

Истовремено, за ситуацијата и чекорите што се преземаат информиран е и Советот за унапредување на сметководствената професија, како надлежно тело за надзор и контрола.

ИСОС веднаш стапи во комуникација со надлежните во Централниот регистар за да се осигура дека ниту една годишна сметка поднесена од субјект со фалсификувана исправа (уверение или лиценца) не е, и нема да биде одобрена.

Воедно, донесена е одлука за овие случаи на злоупотреби да биде информирана и Управата за јавни приходи, со цел превентивно да се елиминира секаква можност од нивна злоупотреба при поднесување на даночни пријави.

Донесена е и одлука сите сознанија и информации за можни злоупотреби на уверенија и лиценци, во најкраток можен рок да бидат доставени до Јавното обвинителство на РСМ и до Управата за финансиска полиција, заради нивно постапување и утврдување на одговорноста.

Управниот одбор на ИСОС оцени дека брзото откривање на ваквите злоупотреби е една од придобивките од процесот на ажурирање и објавување на податоците во регистрите на сметководители и овластени сметководители, вклучително и на регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи, вклучувајќи ја и електронска размена на податоците од вака ажурираните регистри со Централниот регистар.

На тој начин се создадоа можности за ефикасно откривање и расчистување со ваквиот вид неправилности, што веруваме дека ќе придонесе за поефикасна заштита на правата на професионалните сметководители и друштвата за сметководствени услуги, како и за целокупно унапредување на професијата, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: „Виз ер“ воведе нови авиолинии од Скопје до Баден-Баден и Бремен

Редакција

Топ 5 најниски плати во октомври

Редакција

Градежните компании бараат интензивирање на работата: Без градежништво нема раст на економијата

Редакција