Информацијата за исчезнувањето на 25-годишната Македонка Наташа Совраноски по потекло од Охрид, во Германија, заврши и во македонските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум дена во Германија е исчезната 25-годишната Наташа Соврановски
Според информациите споделени на социјалните мрежи од нејзиниот партнер – Германец, трагата и се губи од 2. септември.
Како што објави Фокус, таа со него имала и ќерка на 2-годишна возраст.
Од Фокус стапиле во контакт со него, а тој меѓудругото кажал и дека таа е можеби е и во Македонија, но ништо со сигурност не знаел.
Нејзиниот татко, Милчо Совраноски, пак за Фокус вели дека откако се објавил апелот, телефонот постојано му ѕвонел и роднини од сите краеви на светот го прашувале што се случило.
-Што да ви кажам, освен тоа дека нејзиниот партнер избрза со објавата која сега се споделува насекаде на социјалните мрежи. Наташа е возрасна и зрела жена, работи како обезбедување. Нејзиниот партнер, со кого имаат ќерка не е вработен, таа носеше се што е потребно во куќата.
Имаа несогласувања и проблеми, затоа и мислам дека таа своеволно си заминала. Можеби е на одмор, можеби е некаде каде се обидува да се среди, па ќе дојде да си ја земе ќерката…
Јас знам дека ќерка ми е одговорна личност и тоа што не се јавила никому, значи дека тоа е нејзин избор, таа најверојатно не сака сега да разговара со никого.
И во минатото се случувало, на пример да оди на одмор со пријателки, а да не ми јави, тоа не е ништо чудно, бидејќи е возрасна жена.
Во случајов, кога една жена има проблеми со партнерот, многу нормално е да си замине, наместо да седи и трпи, вели тој.
Тој појаснува дека тие семејно се преселиле во Италија во 2001 година, а потоа заминале во Германија. Во Германија сега живеела мајката на Наташа, со која тој порано бил во брак.