Денеска, седми ден по ред продолжува потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, а за нејзиното исчезнување полицијата вчера соопшти дека привела пет лица и обезбедила возило како трага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата приведе пет лица и обезбеди возило како трага за исчезнувањето на Вања Ѓорчевска
Полицијата поради тековната истрага не открива повеќе детали.
Од Министерството за внатрешни работи информираа и дека нејзиното исчезнување е пријавено двапати, еднаш од нејзината мајка, а вторпат од татко и, кој досега не се огласил во јавноста, за разлика од нејзината мајка, која во понеделникот на Фејсбук ја информираше јавноста за исчезнување на нејзината ќерка и побара помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајката на Вања Ѓорчевска откри детали за ќерката која ја нема веќе пет дена
-Мајката на девојчето го пријавила исчезнувањето во 8.35 часот на 27. ноември, на телефонскиот број за итни повици, 112. Потоа пријавата е проследена до надлежните институции.
Таткото пак, официјално го пријавил исчезнувањето во 11 часот, истиот ден, во полициска станица, велат од МВР за Фокус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ