Министерот за транспорт Александар Николоски ја информирал Владата дека е пристигнато писмо со намери од унгарскиот оператор 4iG Групација, информираа од Владата.
„4iG Групацијата е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија.
Во 2022 година, 4iG Групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE,“ велат од Влада
Во соопштението се додва дека „4iG Групацијата” изразила интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија.
Иницијативата е усогласена со стратегијата на “4iG Групацијата” за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ