еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Управен пресуди дека поранешниот претседател на Совет на јавни обвинители Јолевски, ја дискриминирал Ристоска

И Управниот суд пресуди дека поранешниот претседател и сегашен член на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски ја дискриминирал обвинителката Ленче Ристоска.

Денеска Судот ја одби неговата тужба како неоснована и го прифати мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, па сега Јолевски ќе може да се жали пред Вишиот управен суд.

Паралелно со оваа постапка против Јолевски е поднесено барање до прекршочниот оддел во Кривичниот суд за да плати глоба, затоа што не се извини иако Комисијата утврди дека ја дискриминал Ристоска, затоа што била на породилно отсуство при изборот на обвинители во Вишото јавно обвинителство, кога таа по втор пат не беше унапредена.

Советот на обвинители и Јолевски имаа рок од 30 дена јавно да ѝ се извинат на обвинителката Ристоска за тежок облик на дискриминација кон неа.

Ристоска која беше обвинителка во поранешното Специјално јавно обвинителство, поднесе пријава против Советот на јавни обвинители со тврдење дека неправедно и без никаков основ ги игнорирало нејзините апликации за избор во Вишото јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителката Ристоска била дискриминирана, Советот на обвинители треба да и се извини

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

450 цивили од Авганистан доаѓаат во Македонија до крајот на неделава

Редакција

Пендаровски до петок ќе го додели мандатот за нова Влада

Редакција

По Мијалков, укинато обезбедувањето и на Тодоров, право на обезбедување се уште има Груевски

Редакција