Денеска времето ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температурата ќе се движи од 1 до 11 степени Целзиусови, а максималната дневна од 9 до 21 степени.
Во Скопје ќе има слично време со температура до 19 степени.
Во недела и понеделник времето во земјава за најголемиот христијански празник Велигден ќе биде претежно сончево и потопло, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Под влијание на нов влажен бран во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Фото: Игор Бансколиев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.