Поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка на опозициската СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска е во фокусот на јавноста поради обвинувањето од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека на службено патување во Лондон, Велика Британија за лични потреби трошела државни пари, вкупно 714 фунти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таа го отфрла обвинувањето и вели дека таму трошела сопствени пари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија кога пред извесно време стана пратеник.
Каков имот пријавила
На свое име пријавила куќа во Битола и стан во скопска Кисела Вода.
На подарок добила парцели земјоделско земјиште, пасиште и градежно изградено земјиште во Лавци.
Вози Jeep.
Годинава зела два кредити од по 3,5 милиони денари и 370 илјади денари, за кои нема податок кога треба да се вратат.
Фото: Костадиновска Стојчевска/Фејсбук