Во техничката влада, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кадар на владејачката СДСМ, ќе биде и прв вицепремиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груби нема повеќе да биде прв вицепремиер, функцијата ќе ја преземе Маричиќ
Тој доаѓа на местото на кадарот на владејачката ДУИ, Артан Груби.
еМагазин го разгледа анкетниот лист на Маричиќ, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал вицепремиер за европски прашања.
Каков имот пријавил
Како заеднички имот пријавил стан во Скопје од 65 метри квадратни.
Вози Цитроен Ц3.
На име на децата пријавил девизни и денераски депозити, како заеднички имот, кредит од 3 милиони денари, кој треба да да го врати до 2047 година, а на име на сопругата пријавил уште еден кредит од 900 илјади денари, за кој нема други податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Артан Груби, кој нема да биде прв вицепремиер во техничката влада
Фото: Фејсбук/Маричиќ