Дури тројца градоначалници на Општина Кочани се осомничени за пожарот во т.н. дискотека/кабаре во Кочани, во кој загинаа 59, а се повредени 203 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што се осомничени тројцата градоначалници на Кочани
Се работи за актуелниот во заминување, Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ, неговиот претходник од СДСМ, Николчо Илијев и Ратко Димитровски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ.
Сите тројца добија притвор од по 30 дена, а за двајца од нив се знае дека се во затворот во Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца поранешни градоначалници на Кочани се во затворот во Куманово
Сите осомничени градоначалници на Кочани бизнисмени
еМагазин разгледа што пријавил како имот Димитровски според податоци на mkopen.org од 2016 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Ратко Димитровски, кој е уапсен со Љупчо Папазов и Николчо Илијев
Каков имот пријавил
Како заеднички имот пријавил куќа во Кочани, а на име на сопругата уште една куќа и земјоделско земјиште, исто така во Кочани.
На свое име пријавил земјоделско земјиште во Сопиште.
На име на сопругата пријавил возило мерцедес, а на свое смарт.
На свое име пријавил и акции, обврзници и сопственички удел.
Има и кредит од 190 милиони денари, кој според податоците кои ги дал тогаш, треба да го врати до 2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Илијев, поранешниот градоначалник на Кочани, кој доби 30 дена притвор
Каков имот пријавил градоначалникот Папазов, кој поднесе оставка поради трагедијата во Кочани
Фото: Фејсбук/Димитровски