Поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, кој беше приведен вчера, е меѓу осомничените за злоупотреба на тендер со патарини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен Ејуп Рустеми, поранешниот директор на Државни патишта
Освен Рустеми во случајот се сомничат и раководителот на Секторот за наплата и контроли, Дрилон Зибери, помошникот директор за одржување на патиштата, Ејуп Латифи и Џемал Билбиловски, сопственик на приватната агенција „2СС“ од Кичево.
Тие се сомничат дека го оштетиле буџетот за над 760 илјади евра.
еМагазин разгледа што пријавил Рустеми како имот според податоци од 2022 година на mkopen.org.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил куќа од наследство во Џепшиште во Тетово, стан во Скопје и куќа во изградба исто во Џепшиште.
Во Тетово пак на свое име пријавил градежно земјиште.
Земјиште од наследство (недефинирано) пријавил и во Џепштите и Тетово.
На име на децата пријавил возило шкода. На негово име нема возило.
Пријавил и кредит од 1,8 милиони денари, кој според тогашните податоци, треба да го врати до 2028 година.
Има и заеми од по 890.000 и 900.000 денари кои треба да ги врати до 2027 година.
Фото: Фејсбук/Рустеми