Поради зголемена смртност, но и нарушени меѓучовечки односи на Клиниката за кардиохирургија, министерот за здравство во заминување, Илир Демири, го разреши медицинскиот директор на Клиниката, Марјан Шокаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради зголемена смртност на Кардиохирургија разрешен директорот Шокаровски
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал директор.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил три деловни простории во Охрид, кои се од наследство.
Во Охрид има и четири стана, исто така од наследство.
Од наследство има и стан во Скопје, а пријавил и уште еден стан од 125 метри квадратни во Скопје, стекнат со договор за купопродажба.
Вози Голф и БМВ, а пријавил и два кредити, од 4,8 милиони денари кој треба да го врати до 2042 година и од 6,7 милиони денари, кој треба да го врати до 2040 година.