еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

„Како пиреј“ ќе биде отпеана од Алабаковски на концертот на „Македонијо во срце те носиме“

На големиот концерт „Македонијо во срце те носиме“ закажан на 7. декември во Филхармонија ќе биде отпеана уште една песна од опусот на легендарниот Гоце Николовски.

„Имено, по „Има една земја сонце што ја грее“ публиката во сабота премиерно ќе има можност да ја чуе и „Како пиреј“. Оваа моќна композиција што Николовски ја отпеа во далечната 1994 година на Фолк фест Валандово, пред публиката во Филхармонија, а во придружба на симфониски оркестар ќе ја запее Ламбе Алабаковски.

Освен „Како пиреј“ и веќе добро познатите 12. нумери кои публиката имаше можност да ги чуе на концертите кои се одржуваа ширум земјата во изминатите речиси две години, на сцената како новитет ќе ги чуеме и „Молитва“ на авторот Миле Барбаровски, а што ќе ја отпее Бојана Скендеровски и „Има една земја сонце што ја грее“ во интрепретација на Сузана Спасовска и Александар Тарабунов.

За преработките, но и оркестрациите на сите 15 нумери е задолжен маестро Николче Мицевски, додека симфонискиот оркестар ќе музицира под диригентската палка на Сашо Татарчевски,“ велат организаторите.

Влезниците се продаваат преку мрежата на www.kupikarta.com по цени од 1.000 и 1.400 денари, а организаторите Скендеровски продукција откриваат дека сите средства од продажбата ќе бидат насочени во хуманитарни цели.

Низ целиот музичко-драмски перформанс публиката ќе ја води актерот Дејан Лилиќ.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицаец од Охрид фатен со дрога на работно место

Редакција

Еден починат, тројца повредени: ЦУК со детали за акцијата за извлекување на планинарите кај Титов Врв

Редакција

Левица бара оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за Џафери, оти во Европскиот парламент се обрати на албански

Редакција