еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кај двајца повредени од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Солун има подобрување, четворица од странство пуштени дома

Министерството за здравство информираше дека нема промени во бројот на хоспитализирани повредени лица од пожарот во Кочани.

Во Скопје вкупно се лекуваат 16 повредени и се во добра општа состојба. Од нив по шест се во старата Градска болница и ГОБ 8 Септември, а четворица во клинички центар.

„На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба.

Во текот на вчерашниот ден кај двајца пациенти од Солун има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија.

Кај останатите пациенти состојбата е непроменета од вчера. За денес нема најава за враќање други пациенти од странство,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангелов се враќа на своите дипломатски должности во Скопје

Редакција

Помагаме не на наши соседи, туку на сонародници: Каракачанов за бугарската донација на вакцини за Ковид-19 за Македонија

Редакција

Грчки војници ќе вежбаат на Криволак во рамки на „Balkan Warrior 23“

Редакција