Поранешниот премиер и актуелен лидер на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски во подкаст на телевизијата Сител меѓудругото откри и зошто го викаат Таче.
-Имаат многу убави имиња моите баби – Андроника, Анастасија, Севастија, Марија и мојот дедо е Димитар, кој што го викале Таки, и потоа зашто бил прилично мал по раст станал Таче нагалено. Тоа е семеен прекар, рече тој.
Кажа дека и неговиот син почнале да го викаат „мали Таче“.
-Син ми доаѓа и ми вели „абе тато излегувам од школо, оној докторот, што ти е на тебе пријател, ми вика кај си бе мали Таче“, и вели што е тоа? Епа велам тоа ти е, сега ќе бидеш мали Таче и после некое време ќе станеш Таче, и кога ќе добиеш син, тој ќе биде мали Таче, рече Ковачевски.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.