еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои 10. фирми имале најголем удел во јавните набавки лани

Анализите на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажаа дека лани во Македонија јавните набавки достигнале рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција, споредено со последните 10 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лани склучени договори за јавни набавки во вредност од 1,5 милијарда евра, за 35% повеќе од претходната година

Кои се 10. фирми со најголем удел во јавните набавки

На врвот е компанијата „Марковски Компани“ Борче ДООЕЛ Битола, која врши ископ во АД Електрани, и на оваа позиција доаѓа од 3. место во 2022 година.

Како што може да се види од табеларниот приказ на ЦГК, „Марковски Компани“ во 2023 година има склучени 20 договори, во вкупна вредност од 3,2 милијарди денари, односно 52 милиони евра.

-Сите договори на „Марковски Компани“ се склучени со АД Електрани за ангажирање механизација и специјализирана работна рака за потребите на РЕК Битола.

За една година, „Марковски Компани“ успеала да ја дуплира вредноста на јавните набавки, со тоа што во 2022 година има договори во вредност од околу 25 милиони евра, а во 2023 година од 52 милиони евра, стои во извештајот на ЦГК.

На второ место според вредноста на договорите е АД „Д-р Пановски“, Скопје, која склучила 279 договори во вредност од околу 2,8 милијарди денари, односно 45 милиони евра.

-Вредноста на договорите на „Д-р Пановски“ во 2023 година се за 241 % поголеми од 2022 година, кога изнесувале 13 милиони евра, стот во извештајот.

Во оваа рангирање за првпат се појавуваат „Стентон Градба“ Битола и „Спектартермо“ Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Марковски компани, која лани имала најголем удел во јавните набавки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на прометот на Македонската берза во јануари

Редакција

Штетата од пожарите огромна: Изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса

Редакција

Кој е Беким Реџепи, заменикот на Бочварски во Министерство за транспорт и врски

Редакција