еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Колапс на црногорската енергетска мрежа остави без струја половина Балкан

Денеска целото подрачје на Црна Гора, делови на Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска останаа без електрична енергија.

Проблемот настанал поради испад на мрежата на Црногорскиот дистрибутивен систем.

Црногорските медиуми јавија дека избил пожар на еден од далекуводите и дека неизвесно е кога проблемот ќе биде решен.

Претходно хрватските медиуми пренесоа дека речиси цела Далмација останала без струја, поради пад на системот во Црна Гора, а истото се случило и во голем дел од Босна и Херцеговина и Албанија.

Според последните информации струјата полека се враќа во одредени делови од овие држави.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Арачиново не е повреден, повредени се две лица кои биле со него: Детали од МВР

Редакција

Лани 22 работници загинале на своите работни места

Редакција

Кои министри заминуваат: Димитров нема да биде дел од новата Влада

Редакција