еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка доби довола од КХВ за преземање на Стопанска банка Битола

Комерцијална банка АД Скопје е се поблиску до купување на Стопанска банка АД Битола.

Банката доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност (КХВ) за преземање на 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола, кои претставуваат 100% од основната главнина на Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сѐ треба да даде мислење за понудата на Комерцијална за купување на сите акции на Стопанска банка Битола

Како што соопшти пред извесно време Комерцијална банка, таа нуди 3.200 денари по акција.

„Согласно понудата за преземање, а според Законот за преземање на акционерски друштва, преземачот утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата да се смета за успешна, односно понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 261.956 обични акции кои претставуваат 67 проценти плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола.

Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува да тече од денот на првото објавување на понудата за преземање и изнесува 28 календарски дена“, информираа од КХВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е најголем акционер во Стопанска банка Битола, која доби понуда од Комерцијална за купување на сите акции

Ќе ја прифати ли Стопанска банка Битола понудата од Комерцијална од 20,3 милиони евра за сите обични акции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еурактив открива детали што содржи Акцискиот план што Бучковски го доби од Захариева

Редакција

Каков имот пријавил Ивица Боцевски, специјалниот претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на ЕУ

Редакција

Голем пад на индустриското производство во јуни

Редакција