еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка ја зголеми добивката за 45,1%

Комерцијална банка АД Скопје во третиот квартал од годинава остварила добивка од 4.422,6 милиони денари, што преставува зголемување 45,1%, споредено со истиот период лани, соопшти Банката преку Македонската берза.

Во истиот период минатата година, Банката имала добивка од 3.047,7 милиони денари.

-Планираната бруто-добивка заклучно со третиот квартал од 2024 година е остварена со 139,3%. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 36,4% поголема во однос на истиот период минатата година.

Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемените останати приходи од дејноста и зголемените нето приходи од камата, а во помал обем и поради зголемените нето приходи од провизии и надомести и нето приходи од тргување.

Позначителното зголемување на останатите приходи од дејноста во споредба со истиот период минатата година е резултат на зголемените приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот, како и поради зголемениот износ на наплатени претходно отпишани побарувања, велат од Банката.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 6.626,4 милиони денари и бележат зголемување од 29,5% во однос на истиот период од минатата година.

-Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.09.2024 година истите бележат зголемување од 16,2% во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е исполнет со 113,4%.

Приходите по основ на камата се зголемени вкупно за 20,0 % како резултат на зголемени пласмани кај клиентите од сите сектори, при што единствено кај нерезидентите отпочна трендот на намалување на каматните стапки споредено со истиот период минатата година заради намалувањето на трите основни каматни стапки од страна на ЕЦБ.

Кај останатите сектори се уште се одржуваат повисоките каматни стапки споредено со истиот период минатата година, во услови на отпочнато релаксирање на монетарната политика од страна на НБРСМ.

Расходите по основ на камaта се зголемени за 58,7% поради зголемените орочени депозити споредено со истиот период минатата година. Нето-каматната маржа на ниво на Банката се зголеми од 3,56% заклучно со крајот на третиот квартал од минатата година, на 3,87% со 30.09.2024 година.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2024 година изнесуваат 876,0 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 9,9% во најголем дел како резултат на зголемениот обем на активности, особено во делот на работењето со картички. Планот за анализираниот период е остварен со 106,2%.

Нето приходите од курсни разлики на 30.09.2024 година изнесуваат 268,0 милиони денари и бележат мало намалување од 1,2% во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е остварен со 109,6%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.09.2024 година изнесуваат 987,8 милиони денари и бележат позначително зголемување во однос на истиот период минатата година како резултат на повеќекратното зголемување кај приходите од капитална добивка од продажба на преземен имот, а во помал обем и поради зголемените наплатени претходно отпишани побарувања.

Во рамки на приходите од продажба на преземен имот и опрема најголемо учество имаат приходите од продажба на преземен имот од должниците Еуроникел Индустри ДОО с. Возарци, Кавадарци и Нова Рефрактори ДОО Пехчево евидентирани во месец април 2024 година. Планот е остварен со 176,2%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2024 година изнесуваат 1.722,7 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 13,3% во најголем дел како резултат на зголемените останати расходи, а во помал обем и поради зголемениот износ на плати и други трошоци за вработените и зголемената амортизација.

Позначителното зголемување на останатите расходи се однесува на расходите за преземени објекти, пред сѐ за преземениот имот од клиентот Еуроникел Индустри Кавадарци, со цел одржување на комбинатот во добра состојба за безбедно и ефикасно рестартирање на производниот процес. Планот е остварен со 103,5%.

Во периодот од 01.01-30.09.2024 година, Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 3,1 милион денари, односно 20% од нето вредноста на преземениот имот во согласност со регулативата од НБРСМ.

Во извештајниот период Банката прокнижи исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 478,0 милиони денари, наспроти 545,3 милиони денари во истиот период минатата година.

Намалувањето кај исправката на вредност на финансиските средства се должи на ефектот од нето-дополнителната исправка на вредност и извршените отписи во извештајниот период, согласно со регулативата од НБРСМ, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари чувале граѓаните и фирмите во Комерцијална банка во третиот квартал

Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, Алкалоид и ОКТА, најтргуваните акции во септември

Кривична за Фатмир Етеми, член на НО на Комерцијална, според МВР користел доверливи информации за купување акции во банката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски за „бомбите“: Ова е потег на очај и деликатна емотивна состојба на Заев

Редакција

Сите детали: За колку ќе поевтини роамингот со земјите од регионот

Редакција

„Ние сме оставени сами да ја браниме нашата држава, кој е подготвен да се бори со нас, искрено – не гледам“, вели украинскиот претседател Зеленски

Редакција