еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Весна Бендевска, која е избрана за потпретседател на Собранието

Весна Бендевска од ЗНАМ – За наша Македонија, која на последните парламентарни избори беше избрана за пратеничка е еден од тројцата нови потпретседатели на македонското Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бендевска се заколна во “РС Македонија“, Милошоски не, бил болен

Милошоски, Митрески и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието

За потпретседатели се избрани и Јован Митрески од СДСМ и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Образование

Таа е дипломиран психолог. Дипломирала на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј„ во Скопје во 1985 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Весна Бендевска, која е избрана на потпретседател на Собранието

Политичка кариера и работно искуство

Пред да стане пратеничка беше член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во периодот од 2021 до 2024 година.

Претходно во Комисијата беше и претседателка, во периодот од 2021 до 2022 година.

Пратеничка во Собранието била во неколку мандати во периодот од 2006 до 2014 година, каде била член и заменик-член во неколку собраниски комисии: Комисијата за труд и социјална политика, Комисијата за заеднички можности меѓу мажите и жените, Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, Комисијата за здравство…

Од 2005 до 2006 година била советник во Општина Битола.

Од 1993 до 2006 година била офицер за платен промет со странство во ТТК Банка, поранешна Кредитна банка Битола.

Од 1987 до 1993 година била психолог во ЗИК Пелагонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Јован Митрески, кој е избран за потпретседател на Собранието

Кој е Јован Митрески, кој е избран за потпретседател на Собранието

Фото: ЗНАМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „поцрвене“ за меморандумот: „Тук има мненија че голема Бугарија е проект помогнат од фашистите“

Редакција

(Видео) Првомајска забава на мечките на Шар Планина

Редакција

Поради лажните податоци и непримањето на решенијата за самоизолација и во наредните 10 до 15 дена ќе има голем број заразени со Ковид-19

Редакција