еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за министер за финансии

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска е кандидат на партијата за нов министер за финансии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ во новата Влада: Мицкоски ги објави имињата

Какво образование има

Димитриеска Кочоска е магистер по економски науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Таа е дипломиран економист и дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со просечна оценка од 9.55.

Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар Белград, а лиценцирана од CA Akademie AG, стои во нејзината биографија.

Професионална и политичка кариера 

Вработена е во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии.

Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со оваа компанија управуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во јануари 2020 година беше дополнителен заменик министер за финансии во тогашната техничка влада.

Во јануари 2022 година стана потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриеска Кочоска приватно

Димитриеска Кочоска е мажена и е мајка на две деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Тимчо Муцунски, кандидат за министер за надворешни работи

Сите министри во новата Влада: Детален преглед

Фото: Фејсбук/Димитриеска Кочоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И ДПА на Тачи и ЕДП на Хоџа дел од „Европскиот фронт“ на ДУИ

Редакција

НЛБ го подобри својот ЕСГ рејтинг

Редакција

Денеска е Прочка, како и кому да простиме

Редакција