еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој го пуштил Груби да замине на Косово, бил ставен на стоп-листа

Од неделата поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби е во Косово. Тој неодамна беше ставен на „црната листа“ на САД, а сега е второосомничен и во случајот со криминал во државното акционерско друштво Лотарија на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали

Тој самиот потврди дека не е во земјава, а ќе се врател дома, кога ќе ги завршел обврските таму.

Во Косово најверојатно е и првоосомничениот за случајот со Лотарија, поранешниот генерален директор и претседател на Управниот одбор на Лотарија, Прпарим Бајрами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби е надвор од земјава, вели дека не избегал

Груби, како што потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, Македонија ја напуштил преку Граничниот премин „Блаце“, иако бил ставен на стоп-листа, што значи дека системот алармирал дека лицето треба да се запре и да не му се дозволи да излезе од државата.

Тошковски вчера изјави дека се сторени пропусти од страна на одредени полициски службеници од гранична полиција и за истите се води темелна истрага.

-Лично сметам дека таму не е постапено согласно правила и процедури на МВР и сметам дека е сторена голема грешка во рамки на работењето при вршење на задолжителни прегледи што требало да бидат извршени од излегување од Македонија во Косово на одредени лица, рече Тошковски.

Без да спомене име, министерот појасни дека лицето (Груби) ја дало патната исправа на граничната полиција, таа му била вратена и истиот заминал за Косово.

Останува нејасно дали службеникот воопшто го внел пасошот на Груби во системот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопственикот на Нептун и почесен конзул на Косово, Папранику, го однел Груби во Косово, објави Телма

Телевизијата Телма објави дека Груби заминал на Косово со дипломатското возило на сопственикот на Нептун и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во домот на Груби и на Бајрами поради сомнежи за организиран криминал во Државна лотарија

Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, ќе се истражува и кој ги поткупил

Каков имот пријавил Артан Груби, кој е ставен на „црната листа„ на САД

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски војници ќе станат дел од мисијата на НАТО на Косово

Редакција

Со многу неизвесности поради Ковид-19 почнува учебната година за учениците и студентите

Редакција

Градоначалникот Велковски: Во Свети Николе, нема заразени од Ковид-19, да не се шират лажни вести

Редакција