Поранешниот министер за економија Беким Незири, доби куќен притвор за пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице, а беа повредени 203.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Куќен притвор за екс министрите за економија Сарачини и Незири за пожарот во Кочани
Тој е еден од тројцата поранешни министери за економија, кои се опфатени со проширувањето на истрагата која ја води Основното јавно обвинителство.
Поранешниот министер за економија Ваљон Сарачини исто така доби куќен притвор, а за поранешниот министер за економија, Дритон Кучи, кој е актуелен македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, засега нема мерки, бидејќи не е во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Дритон Кучи, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Тој на Фејсбук најави дека ќе се врати во земјава.
Во притвор од порано е и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши.
Засега со истрагата не е опфатен единствено актуелниот министер за економија, Бесар Дурмиши.
Кој е Незири
Роден е 1975 година во Скопје.
На јавноста, освен како поранешен министер за економија и е познат и по инцидентот со упадот во М-НАВ, акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација, за што доби куќен притвор, од кој подоцна беше пуштен.
Тој е кадар на ДУИ и важи за близок човек на лидерот Али Ахмети, а различни државни функции извршува од 2010 година.
Беше еден од тројцата директори на М-НАВ, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), а за време на упадот во М-НАВ, повторно работеше таму.
Додека беше директор на ПИОМ се поврзуваше со наводна афера за проневера на 19 милиони евра, а наводниот криминал таму го откри поранешната министерка за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска.
Случајот немаше никаков епилог.
Министер за економија беше во периодот од јуни 2014 до јануари 2016 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е министерот Шабан Салиу, кој заврши во притвор за пожарот во Кочани
Кој е Дритон Кучи, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Кој е Ваљон Сарачини, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Фото: Незири/Фејсбук