еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Бранка Славеска, која не е повеќе директорка на Тиквеш

Бранка Славеска спогодбено, поради лични причини, го прекина ангажманот да биде генерална директорка на винаријата Тиквеш АД Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранка Славеска не е повеќе директорка на Тиквеш, Светозар Јаневски ќе раководи со винаријата до избор на нов

Таа својата професионална кариера ќе ја продолжи во странство.

На функцијата дојде во јануари лани.

Која е Славеска

Зад себе има богатата меѓународна кариера со повеќе од 25-годишно работно искуство на менаџерски позициии, а во „Тиквеш“ дојде од позицијата на комерцијална директорка и член на Управниот одбор на „Диагео Италија“.

Својата кариера ја започнала во „Пивара Скопје“, а во периодот 2005-2006 година била комерцијална директорка на „Тиквеш“.

Работела за „Хајнекен“, извршувајќи менаџерски функции на повеќе различни пазари како Русија, Белорусија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а била одговорна и за регионот на Југоисточна Европа, како и во „Лаваца“ како директорка за меѓународни пазари.

Дипломирала на Машинскиот факултет во Скопје и магистрирала менаџмент и бизнис администрација на Универзитот Шефилд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранка Славеска е нов генерален директор на „Тиквеш“

Фото: Тиквеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фатиме Фетаи: Ниту борбата за правда застанува, ниту животот тука застанува

Редакција

Постои опасност да побегне и да го повтори делото: Апелација одлучи Боки 13 да остане во притвор

Редакција

Грција од понеделник го укинува задолжителниот ковид-тест за влез во земјата

Редакција