еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Желјазко Радуков, новиот амбасадор на Бугарија во Македонија

Желјазко Радуков е новиот амбасадор на Бугарија во Македонија.

Тој доаѓа на местото на Ангел Ангелов.

Според информации на бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) тој е дипломат од кариера со искуство во повеќе области на односите меѓу Бугарија и земјите од Западен Балкан.

Професионалната кариера ја почнал во директоратот на бугарското МНР за Југоисточна Европа каде што во различни периоди бил одговорен за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, и работел на серија прашања од билатералните односи со овие земји, вклучително и нивната европска димензија.

Во Македонија, Радуков бил трет секретар во бугарската амбасада во периодот од 2010 до 2013 година, по што бил прв секретар во Амбасадата на Бугарија во Белград.

Од 2021 година Радуков е одговорен во бугарското МНР за Македонија и тоа и за билатералните односи, но и за европскиот контекст.

Радуков имал клучна улога и во креирањето и спроведувањето на европскиот компромис од 2022 година (т.н. француски предлог), вклучувајќи ги билатералните преговори за Протоколот од вториот состанок на Меѓувладината комисија, потпишан во јуни 2022 година.

Радуков е и организациски секретар на Мешовитата историска комисија со Бугарија, а активно работи и на заштита на правата и културно-историското наследство на бугарската заедница.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Лени Кревиц на специфичен начин и се заблагодари на скопската публика

Редакција

Рекордни 461 милиони евра за плати на администрацијата во буџетот за 2019 година

Редакција

(Фото) Се одржа фестивал на младо вино на Тиквеш: Да наздравиме за посреќна иднина

Редакција