Актуелниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, Шабан Салиу, кој е исто така поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заврши во притвор за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 61, а беа повредени 203 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот Салиу доби 30-дневен притвор за пожарот во Кочани
Тој е дел од новата група осомничени лица за трагедија во Кочани, меѓу кои се и тројца поранешни министри за економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Куќен притвор за екс министрите за економија Сарачини и Незири за пожарот во Кочани
Салиу е опфатен со истрагата на Основното јавно обвинителство како поранешен директор на ДЗС и доби 30 дена притвор.
Од новите 19 осомничени, во притвор одат уште тројца осомничени, шестмина добија куќен притвор, а осум мерки на претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Салиу
Роден е на 6. јануари 1961 година во Гостивар.
По професија е адвокат и е дипломиран правник.
Завршил високо образование на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На Универзитетот ФОН завршил магистерски студии по политички и правни науки.
Завршил и докторски студии на Универзитетот Мегатренд во Србија.
Професионална и политичка кариера
Професионалната кариера на Салиу започнува во 1988 година како стручен соработник во Судот за здружен труд во Скопје, а потоа и во Основниот суд во Гостивар.
Во 1995 година Салиу започнува да работи како адвокат со сопствена канцеларија во Скопје, каде што останува до 2006 година.
Во 2006 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што останува до 2008 година.
Во периодот од 2008 до 2017 година е директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Има добро познавање на англискиот јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Дритон Кучи, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Кој е Ваљон Сарачини, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани
Фото: Влада