Од вчера Фљакрон Беџети, кадар на крилото на поранешниот министер за здравство, Арбен Тарвари во поделената Алијанса за Албанците (АА) не е повеќе заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието ги констатираше оставките на Тарвари и замениците министри за одбрана и земјоделство
Неговата оставка беше констатирана во македонското Собрание, како и оставките на Тарвари и уште еден кадар на неговото крило, заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили.
Тие поднесоа оставки откако Тарвари одлучи неговото крило самостојно да настапи на престојните локални избори, по што ја напушти коалицијата „Вреди“ и Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од над 50 функционери на АА на Тарвари засега само три оставки
Сепак над 50 државни функционери на АА на Тарвари се уште не поднеле оставки.
Кој е Беџети
Тој е доктор по политички науки на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Факултетот за современи општествени науки и магистер по компаративна јавна администрација на истиот Универзитет.
Дипломирал право во 2005 година на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Има положено правосуден и нотарски испит.
Работно искуство
Во септември 2023 година бил назначен за државен секретар во Министерството за труд и социјална политика.
Во 2023 година бил раководител на Одделението за претставки и предлози во Министерството за труд и социјална политика, како и раководител на Одделението за нормативно-правни работи, Сектор за правни работи во Општина Гостивар.
Во периодот од 2022 до 2023 година бил професор по политички науки на Универзитетот “Мајка Тереза“ во Скопје, на Факултетот за социјални науки.
Од 2009 до 2023 година бил соработник за матична евиденција на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.
Од 2008 до 2009 година бил стручен соработник во Секторот за матична евиденција во Дирекцијата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.
Во 2005 година бил практикант во македонското Собрание.
Зборува и англиски и хрватски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили, која поднесе оставка
Каков имот пријавил Фљакрон Беџети, заменик министерот за земјоделство, кој поднесе оставка
Каков имот пријавила заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили, која поднесе оставка
Фото: МЗШВ