еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Трагедија во Гостивар, една жена е убиена, а две лица се повредени

Повозрасна жена починала од повреди нанесени со остар предмет, а две лица со повреди се пренесени на скопските клиники.

Утрово во 3:55 часот во СВР Тетово е пријавено, дека во стан на ул „Илинденска“ во Гостивар има повредени лица.

– Полициски службеници кои биле испратени на местото на настанот констатирале дека во еден од становите во зградата повредени се  С.Т. (78), и сопружниците С. Р. (54) и 60 годишниот Б.Р.

Набрзо трите лица се пренесени во гостиварската болница каде им е укажана медицинска помош. Највозрасната им подлегнала на повредите, а другите две лица се префрлени на скопските клиники, изјави за МИА Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Утрово околку 6 часот во Гостивар лишен од слобода 46-годишен гостиварец поради сомнение за негова вмешаност во случајот.

На местото на настанот во тек е увид кои го вршат вршат јавен обвинител и полициска екипа.

Мотивите и околностите кои довеле до крвавиот настан сé уште не се познати.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По крвавиот настан во Гостивар, сопружниците во стабилна состојба, жената имала повеќе од 20 убодни рани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ковачевски: Илинденската и асномска идеја, и денешните генерации ја имаат пред себе

Редакција

(Фото) Шилегов ја пречека со цвеќе: Данела Арсовска официјално ја презеде градоначалничката функција на Град Скопје

Редакција

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Редакција