еМагазин
Image default
Македонија

По крвавиот настан во Гостивар, сопружниците во стабилна состојба, жената имала повеќе од 20 убодни рани

Сопружниците С.Р. (54) и Б.Р (60) кои утрово беа пренесени со повреди на скопските клиники, се во стабилна здравствена состојба.

Според директорот на клиниката за торкална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи по санирањето на повредите, пациентите се задржани заради лекување и дополнителни испутувања. Жената имала повеќе од 20 убодни рани, а мажот потешка повреда на главата.

– Пациентката е примена со повеќе од 20 рани по телото и главата. Од еден убод со остар предмет кој ѝ е нанасен во градниот кош, оштетена е плеврата и таа повреда е санирана. Во текот на денот, се направени и други хируршки интевенции, со оглед дека жената има повеќе убодни рани по рацете, лицето и телото.

Мажот е примен со повреда на главата и е префрлен на КАРИЛ каде се испутува дали има мозочно крварње и во каков обем. Засега и двајцата пациенти не се во живото-загрозувачка состојба, изјави за МИА Неџати Јакупи.

Брачниот пар беше најден утрово околу четири часот од полицајци во нивниот стан на улицата „Илинденска“, откако претходно било пријавено дека таму има поврдени лица. Во настанот што го истражува јавен обвинител, била повредена и С.Т. (78), која починала од повредите во гостиварската болница.

Од СВР Тетово информираа дека утрово околку шест часот во Гостивар е лишен од слобода 46-годишен гостиварец поради сомение за негова вмешаност во случајот.

Јавниот обвинител и полицијата потврдија дека интензивно работат на расветлување на сите околности поединости кои поврзани со овој случај.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Гостивар, една жена е убиена, а две лица се повредени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери ќе ја води собраниската комисија за помирување

Редакција

Од грчкиот остров Евија безбедно заминале 38 македонски државјани

Редакција

Од Ковид-19 починале 12 лица, најмладиот на 38-годишна возраст

Редакција