Акциите на Македонијатурист АД Скопје веќе неколку дена се во фокусот на инвеститорската јавност, а вчера во две блок трансакции вредни 415 милиони денари (6,7 милиони евра) се истргуваа нови 43.700 акции на Друштвото, кои преставуваат 9,84% од вкупниот број.
Како што објави еМагазин од пред неколку дена во Македонијатурист и М.Г. Фешн стана акционер со над 5% и поседува 7,69%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
М.Г. Фешн стана акционер со над 5% во Македонијатурист, поседува 7,69% од акциите
Заклучно со вчера пред новите трансакции освен оваа друштво за трговија, производство и услуги, акционер со над 5% од пред неколку дена е и тетовската градежна компанија Изо Стоне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовската „Изо Стоне“ влезе во “Македонијатурист“
Таа поседува 6,62% од вкупниот број акции.
Симеон Павлов, пак поседува 8,19%, Доне Таневски поседува 23,4%, Сава пензиски фонд поседува 8,8%, а Македонијатурист поседува 10% од акциите.
Со новите трансакции се очекува да има промени во акционерската структура, а дали некој излегол од Друштвото или некој го зголемил бројот на акции ќе биде познато деновиве.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соња Бибановска ги продаде акциите во Македонијатурист
Доне Таневски купи 5.381 акции на Македонијатурист