еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој сѐ отиде со Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски вчера заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заминаа за Вашингтон, САД, за да присуствуваат на Самитот на НАТО, кој ќе се одржи од 9 до 11. јули.

Според најавите премиерот и членовите на македонската делегација треба да имаат повеќе средби и состаноци, а Мицкоски се очекува да има средба и со грчкиот колега Киријакос Мицотакис.

Самитот е по повод одбележувањето на 75-годишнината на НАТО, а главниот фокус ќе биде војната во Украина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција и Македонија да го остават спорот надвор од НАТО, порачуваат од Пентагон

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се воведува прогресивен данок: Прагот на одданочување приход од 90 илјади денари

Редакција

Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не

Редакција

Убава вест: Првпат во државава, пациент на 37 годишна возраст со Ковид-19 тргнат од респираторна машина

Редакција