еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за член на обезбедувањето на Гаши, извадил и репетирал пиштол заради косовоската претседателка

Член на обезбедувањето на претседателот на македонското Собрание (полициски службеник), Африм Гаши заработи кривична пријава поради инцидентот кој го направи на Меѓународниот аеродром Скопје, за време на транзитот низ Македонија на косовската претседателка Војоса Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лице од обезбедувањето на Гаши предизвика инцидент на скопскиот аеродром

Станува збор за лицето С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание, а кривичната ја доби поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело “Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ.

-Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија.

Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови.

Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

За него има и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе му се изречат задолжителни мерки за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

Против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе се поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На косовската претседателка не ѝ е првпат да направи инцидент на скопскиот аеродром, објави СДК

Косовската претседателка тврди дека на скопскиот аеродром се обиделе да и го одземат телефонот, од ТАВ Македонија категорично ја демантираат

Гаши го демантира МВР за инцидентот со косовската претседателка, неговото обезбедување ја смирувала ситуацијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако бугарските здруженија не ги сменат имињата, ќе бидат избришани од Регистарот, најавија од Централен регистар

Редакција

Филипче ги повика пратениците да го изгласаат законот со кој ќе се намали цената на лекување на ковид-пациенти во приватните болници

Редакција

За тие што нема да го предадат нерегистрираното оружје во Србија до 8 јуни ќе следат ригорозни мерки

Редакција