еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Луфтханза“ од мај ќе го намали бројот на летови од Скопје за Франкуфурт

Специјализираниот портал за авијација Exyuaviation објави дека германскиот авиопревозник „Луфтханза“ од мај годинава ќе го намали бројот на летови на линијата Скопје-Франкуфурт, од десет на осум летови неделно.

Авиолинијата Скопје-Франкфурт беше воведена лани.

Причината е проблемот со моторите на дел од флотата авиони Ербас, што влијае на распоредот на летови на средни дестинации.

Истото како што пишува порталот ќе се случи со уште неколку други линии од Белград, Љубљана, Загреб и Сараево.

Компанијата исто така соопшти дека ги откажува или намалува своите првични планови за проширување на операциите на пазарите низ поранешна Југославија, а во зависност од ситуацијата можни се и дополнителни промени на редот на летање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Визер укина неколку линии од Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Уствари, не се олабавија мерките, се олабави полицијата„: Твитер реакции за растот на заразени со корона вирусот

Редакција

Филмска бркотница и пукотници за време на полициски час: Со возило повредил полицаец и удирал се пред себе

Редакција

Кој е и колку е богат Виктор Орбан, пријателот на Груевски

Редакција