Маж на возраст од 70 години од Струга, кој патувал од Германија кон Македонија, денеска утрово починал, додека патувал, кај Михајловац во Србија, објавија локалните медиуми.
Автобусот застанал на паркинг кај ресторан на автопатот меѓу Белград и Ниш, а сопатниците забележале дека тој не се чувствувал добро и се обиделе да му помогнат.
По 30. минути пристигнала и Итна медицинска помош и полициски службеници, кои се обиделе да го реанимираат, но обидите биле безуспешни.
Не е позната причината за неговата смрт, а неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.