еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонијатурист со голем раст на добивката

Македонијатурист АД Скопје во првите девет месеци од годинава има драстичен раст на добивката.

Од Друштвото преку Македонската берза информираа дека од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности, остварило добивка по оданочување од 159,75 милиони денари.

Во истиот период претходна година добивката била 72,37 милиони денари.

Вкупните приходи за овој период изнесуваат 400,85 милиони денари и истите се зголемени за 35%, додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 29% во однос на истиот период минатата година.

Вкупните трошоци и расходи изнесуваат 234,6 милиони денари и се зголемени за 7% во однос на 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој друг освен тетовски Изо Стоне има над 5% од акциите во Македонијатурист

Доне Таневски купи 5.381 акции на Македонијатурист

Македонијатурист со добивка од 56,35 милиони денари во првото полугодие

Фото: Холидеј Ин/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Шестмината убиени во пресметката во Атина најверојатно се Турци

Редакција

Предвремени избори нема да има, за укинување на техничката влада потребен е консензус на четирите најголеми партии, велат од СДСМ

Редакција

Заев и Мицкоски утре на лидерска во Собрание за иднината на СЈО и предвремени парламентарни избори

Редакција