еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија за 4 години наплатила само 1,7 милион евра од експлоатација на најквалитетниот мермер, открива ДЗР

Македонија за четири години наплатила само 1,7 милион евра од експлоатација на најквалитетниот мермер во земјава, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), “Придобивките и штетните влијанија од експлоатацијата на минералните суровини – мермерот“, кој се однесува за периодот од 2018 до 2022 година

-Остварените надоместоци во корист на државата од експлоатација на најквалитетниот мермер во износ од 103.248 илјади денари или 1,7 милиони евра за период од 2018 – 2022 година претставуваат 1% од остварените приходи од продажба на концесионерот.

Висината на надоместоците за користење на простор кои се определени во државата е утврдена на ниско ниво, а воспоставениот начин на пресметка на надоместоците за експлоатирани количини не ги одразува реалните пазарни/продажни цени кои ги остваруваат концесионерите и истиот не придонесува за правично и рамноправно оптоварување на концесионерите, стои во извештајот.

Како што се вели во извештајот на ДЗР, за периодот 2018 – 2022 година, констатирани се помалку наплатени концесиски надоместоци во вкупен износ од 21.050 илјади денари односно 341 илјади евра од кои: 9.804 илјади денари по основ на простор, 5.421 илјади денари по основ на експлоатирана минерална суровина и во износ од 5.825 илјади денари по основ на пресметана, а ненаплатена камата и ненаплатен надоместок по записници од УЈП.

-За истиот период, ненавремено, односно по истекување на законски утврдениот рок наплатени се вкупно 1.174.809 илјади денари односно 19 милиони евра по основ на концесиски надоместок за простор и експлоатирана количина на минерални суровини.

Во периодот на известување од ревизијата од вкупниот износ уплатени се 8.392 илјади денари за концесиски надоместоци и камата, а по основ на дадените препораки од претходната ревизија наплатена е камата во вкупен износ од 6.136 илјади денари која се однесува за периодот 2016-2022 година, што претставува додадена вредност во остварување на буџетски приходи, се вели во извештајот.

Целиот извештај ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од „Алкалоид“ за 239.000 евра

Редакција

Поради загадувањето: Зимскиот распуст за сите ученици продолжен за два дена

Редакција

Од денеска влез во Албанија без сертификат, земјата ги укина сите ковид-мерки

Редакција