еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор, велат од германското МНР

Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор, велат од германското Министерство за надворешни работи (МНР), откако македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова даде заклетва без да го изговори уставното име, пренесува Дојче веле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, велат од Кабинетот на Давкова

„Што се однесува до користењето на името, постои меѓународен договор, Перспанскиот договор со Грција, на кој Северна Македонија е обврзана“, вели портпаролот на германското МНР, Кристијан Вагнер, кој посочува дека Македонија може да се потпре на Германија на патот кон Европската Унија (ЕУ).

На новинарско прашање, што ќе се случи доколку новата влада не го почитува Преспанскиот договор, Вагнер не сака шпекулира, но вели дека неговата влада останува на ставот дека Западниот Балкан припаѓа кон ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД повикува на почитување на Преспанскиот договор и охрабрува продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 339 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

За семејствата на повредените од пожарот во Кочани, собрани повеќе од 700.000 евра преку сметката на Црвен Крст

Редакција

На судењето за „Софтвери“ сведочеа професор од ФИНКИ и информатичар во Генерален секретаријат на Владата

Редакција