Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата која САД ја поднесе во Обединетите Нации (ОН) за Украина, а не на резолуцијата која за земјата ја предложија Германија и Франција, подржана од речиси сите земји членки на Европската унија (ЕУ).
Тоа денеска го потврди премиерот Христијан Мицкоски.
САД и Украина предложија различни резолуции за тригодишнината од војната во Украина кои денеска треба да бидат гласани во Генералното Собрание на ОН, а клучна разлика е што американската нема толку силна реторика кон Русија и не ја посочува директно Москва за окупацијата.
Нацрт-резолуцијата на САД, жали за „трагичната загуба на животи во текот на руско-украинскиот конфликт“, повикува на брз крај на војната и на траен мир, но, не ја споменува територијата окупирана од Русија и не ја издвојува Москва како извор на конфликтот.
Нацрт-резолуцијата на ЕУ, пак се однесува на „целосна инвазија на Украина од страна на Руската Федерација“ и бара итно и безусловно повлекување на сите сили на Москва. Истата ја обвинува Русија за окупација на „територијалниот интегритет“ на Киев и потсетува на потребата да се имплементираат сите претходни резолуции на Собранието „усвоени како одговор на агресијата врз Украина“.
Коспонзори на американската резолуцијата се и Грузија, Унгарија и Израел, а подршка од Европа истата се очекува да добие и од Словачка, Италија, Србија, Црна Гора и Турција.
Резолуциите не се правно обврзувачки.
Фото: Унсплеш