Од Макпетрол АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Собранието на акционери донело одлука за делење дивиденда.
За оваа намена се предвидени 424.804.800 денари бруто.
Висината на дивидендата изнесува 4.200 денари бруто за акција.
За последен ден на тргување со право на дивиденда се утврдува 13.6.2025 година.
За прв ден на тргување без право на дивиденда се утврдува 16.6.2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Членови на менаџментот на Макпетрол купија акции на компанијата
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.