еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Мали оштетувања на две куќи од пожарот во Дојран, постои опасност од неексплодирани гранати

Пожарот кој избувна на локалната депонија во Дојран, зафати две куќи кои имаат сосема мали оштетувања, информираше информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

„Немаме изгорени куќи, туку само една или две куќи коишто се благо зафатени од огнот и имаат сосем мали оштетувања“, рече Ангелов.

Тој додаде дека има опасност од експлозии од неексплодирани гранати од минатите војни.

Во моментот тешки пожари беснеат и на територијата на Свети Николе. Најголемата пожарна линија се движи од општина Свети Николе во насока на Куманово, каде моментално делуваат трите ер трактори.

Пожар има на територијата на Старо Нагоричани кој се заканува да зафати неколку напуштени села.

Ангелов aпелира до граѓаните кои живеат во полунапуштените села итно да се евакуираат ако слушнат дека во нивна близина има активен пожар. Да не чекаат огнот да дојде до селото, освен ако не е организирана одбрана од локалните власти и пожарникари, кога е пожелно да помогнат.

Првиот човек на ЦУК, објави дека повторно е активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарана е помош од воздухоплови.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинирање без закажан термин ќе се врши во поликлиниките, пунктовите и болниците, во спортските сали ќе има само ревакцинација

Редакција

(Видео+фото) Функционери на СДСМ и ДУИ саботирале акција на странска агенција за шверц на дрога, објави албанската телевизија “Ора њуз„

Редакција

(Видео) Полицијата во Индија со „корона-кациги“ против ширење на вирусот

Редакција